Пронајденa 2.000 години стара мермерна глава од Август – првиот римски цар


Во италијанскиот град Изернија пронајдена е 2.000 години стара мермерна глава од Август – првиот римски цар.

Археологот Франчесто Џанкола дошол до ова откритие во текот на реставрациите на средновековниот ѕид којшто во 2013 година се срушил поради обилните дождови.

Главата е висока 35 сантиметри и припаѓа на периодот меѓу 20-та и 10-та година пред наша ера. Била дел од голема статуа која била повисока од два метри. Изработена е од истиот мермер кој го користел италијанскиот ренесансен уметник Микеланџело, а го прикажува младиот Август кој станал првиот римски цар во 27-та година пред наша ера.

Инаку, градот Изернија во текот на Втората светска војна бил делумно уништен, но потоа обновен.

„Изернија има многу богата историја. Под целиот град се наоѓаат археолошки остатоци“, изјавил градоначалникот Џакомо и додал дека во текот на ископувањата биле откриени и празни средновековни гробници и предмети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи