Министерот за здравство предмалку на својот Фејсбук профил ја сподели досегашната статистика за одвивањето на вакцинацијата во Македонија. Досега вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини.
„Вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31.599 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.
Со последните бројки 40% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Со последните бројки 33% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација“, напиша Филипче.