Одбележан патрониот ден и 72-годишнината од основањето на УКИМ


Делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски, а составена од проректорите проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска, проф. д-р Ордан Чукалиев и генералниот секретар на УКИМ м-р Марија Маневска, како и од претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Анета Баракоска, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Свежо цвеќе, како што соопштија од Универзитетот, положи и делегација на студентите на УКИМ, предводена од Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај“ свежо цвеќе положија високи делегации на државниот врв, дипломатскиот кор и на други општествено-политички организации во државава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи