Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани. Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 39% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација“, соопшти Филипче.