Даниловски: Ако после две вакцини Синофарм не се развие имунитет, трета доза да се прими од друг производител


Професорот доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“ вели дека доколку граѓаните не развијат имунитет и по примени две дози од Синофарм вакцината,  тие треба да се вакцинираат со трета доза, посилен стимул, како што е „Фајзер“ вакцината.

„Најчесто антитела не развиваат постари лица, над 70 години од јасни причини. Кај нив имунолошкиот систем е веќе исцрпен заради возраста и веројатно заради редовното присуство на некое хронично заболување. Кај нас ретко можете да најдете човек над 70 години без здравствени проблеми, што е трагично и претставува посебна, многу сериозна тема. Обединетите Арапски Емирати користеа Синофарм и Синовак, веќе вакцинираа со трета доза одреден број свои граѓани кои не развиле антитела. Бахреин вакцинираа со Синофарм, се подготвува да администрира трета доза од друг производител. По углед на ОАЕ и Бахреин, а врз основа на најавите на официјални лица од Синофарм, кои изјавуваа дека многу веројатно за нивните вакцини ќе требаат три дози, веројатно ќе треба да донесеме и ние слична одлука. Дефинитивно мислам дека третата доза треба да биде Фајзер. Зошто? Зашто на исцрпен имунолошки систем му треба посилен стимул за да реагира адекватно, нешто што Синофарм не е секогаш во состојба да го стори. Значи, се сомневам дека и трета доза на Синофарм би имала значаен ефект“, вели д-р Даниловски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи