За една година во Македонија згаснале 2.854 компании или 3,8% од вкупниот број. Најголем дел од нив се од услужните дејности.
Во изјава за Сител, првиот човек на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков вели дека основната причина за банкротирањето, покрај здравствената криза која премина во економска, е сивата еконимија и лошите закони кои дозволуваат изигрување на системот.
„Тука има една друга причина, можам така да ја наречам поврзана со даночна евазија, поврзана со сивата економија, со изигрување на системот. Патем, системот и го дозволува тоа, тие празнини, недоречености го дозволуваат тоа, поврзано одговорноста, со гаранцијата, поврзано со етичкото водење на бизнисот“, вели Бошков.