Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се потврдени 46 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 19 случаи во Скопје, 5 во Радовиш, по 4 во Прилеп и Кичево, 3 во Куманово, по 2 во Струмица, Битола и Гостивар и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово.
Oд МЗ исто така информираат дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 8 лица од Скопје (56г, 61г, 69г, 70г, 71г, 79г, 79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г). Од пријавените, 6 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.
Регистрирани се 147 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 73, Куманово – 18, Прилеп – 17, Струмица, Штип и Кочани – по 5, Битола и Велес – по 4, Виница – 3, Неготино и Пробиштип – по 2 и по 1 од Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.073 тестови.