СОНК оди на штрајк и учебната година нема да заврши доколку не се исплатат надоместоци


Постои можност учебната година да не заврши на време и учениците да не ги добијат сведителствата доколку наставниците од основните училишта не ги добијат надоместоците за прекувремена работа, изјави денес претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделковски.

Според Неделковски, голем број на општини не ги исплатиле овие надоместоци, кои им следуваат на наставниците поради зголемениот обем на работа за време на корона пандемијата.

„Поради пандемијата и посебниот начин на одржување на наставата, децата беа поделени во две групи, а наставниците имаа зголемен број на часови и обврски, но пари како надоместок во многу општини не се исплатени, иако од Министерството за образование и наука велат дека средствата им се исплатени на општините. Ако до 1 јуни парите наставниците не ги добијат надоместоците, учебната година нема да заврши”, рече Неделков.

Поради пандемијата на ковид-19 цела учебна година наставата во основните и средните училишта се одвива онлајн. Со физичко присуство е дозволена настава само за ученици до трето одделение, при што во една група не смее да има повеќе од 15 деца.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи