7 новозаразени и 10 оздравени пациенти од корона во Прилеп


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2, Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:

Скопје – 48, Прилеп – 10, Куманово, Битола и Радовиш – по 8, Кичево – 7,Дебар – 5, Штип – 3, Кавадарци и Ресен – по 2, Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г, 63г, 68г, 81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г, 74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).

Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

Направени се 2.691 тестови преку: ИЈЗ-461, ЦЈЗ Скопје-101, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–69, МАНУ-79, Жан Митрев (Филип Втори)-164, Авицена-196, Биотек-382, Систина-147, лабораторија Лаор-214, Синлаб-52, Ремедика-28, Плодност–33, Генеа–32, Никоб лаб-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 620.

Досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи