Вработените во фабриката за производство на сончогледово масло во бугарско село во близина на Пловдив биле цел на војници на НАТО кои за време на воена вежба по грешка вооружени влетале на нивното работно место.
Група војници вооружени со автоматски пушки ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката. Двајца работници од фабриката изјавиле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги обиколиле сите простории на фабриката, пренесе ТВ „Нова“.
„Беше страшно. Бев многу исплашен и не знаев како да реагирам. Се тресев од страв“, изјавил еден работник.
Инцидентот се случил на 11 мај за време на воените вежби на НАТО. Станува збор за маневрите „Swift response 21“ во кои учествуваа американски, италијански и бугарски војници. Според сценариото, војниците требало да бидат на напуштен аеродром. Меѓутоа, постои фабрика веднаш до аеродромот.