Прилеп падна едно место подолу и сега е на 5та позиција според транспарентност во Пелагониски регион


Денес, 3 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Според истражувањето, некогаш лидер меѓу регионите, а во последните две години на второто место, Пелагонискиот Регион во 2021 година падна на третата позиција според активната транспарентност.

Во однос на лани, регионот забележа минимално подобрување од само 1 процентен поен. Како и да е, регионот спаѓа во ’добра‘ активна транспарентност, со просечно исполнување на  обврските над 60 %.

Прилеп годинава падна едно место во споредба со лани и сега е на петтата позиција со резултат од 64 % активна транспарентност.

Активна транспарентност на општините од Пелагонискиот Регион:

1 Демир Хисар 93 %

2 Битола 91 %

3 Крушево 70 %

4 Могила 67 %

5 Прилеп 64 %

6 Ресен 61 %

7 Долнени 57 %

8 Кривогаштани 45 %

9 Новаци 43 %

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи