Вчера полициски службеници од Полициска станица Прилеп на ул. „Браќа Миладиновци“ во Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело казниво по чл.215 од Кривичен законик, го лишиле од слобода И.Б (36) од Прилеп, бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени дигитална вага, марихуана и прашкаста материја, соопштија од МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.