Нема место за дивоградбите на охридското крајбрежје, порачува евроамбасадорот Гир

Facebook
Twitter
Email
Print


Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир порачува дека на охридското крајбрежје не смее да има дивоградби и тие треба да бидат отстранети, во денешниот твит.

Тој вели дека уникатното природно и културно богатство на регионот, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано и дека со заштита на наследството на Охрид се инвестира во нови работни места во туристичката индустрија.

„Нелегални градби не смее да има на охридското крајбрежје и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано. Со заштита на наследството на Охрид, ние исто така инвестираме во туристичката индустрија денеска и утре. Владеење на правото“, твитна Гир.

Охридскиот регион по последните два катастрофални извештаи на УНЕСКО за урбанистичкиот хаос во регионот е многу веројатно дека ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи