Османи: Неоправдана е одлуката на руското МНР за протерувањето на македонски дипломат


Министерството за надворешни работи информира дека денес вршителот на работите во Амбасадата на Македонија во Москва, Оливера Чаушевска- Димовска е повикана во МНР на Руската Федерација каде што и била врачена нота за прогласување „персона нон грата“.

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, вели дека жали за одлуката на Русија да протера македонски дипломат и смета дека таа е неоправдана.

„Жалам за непоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка одлука. Ова несомнено ќе влијае негативно на билатералните односи помеѓу Македонија и Руската Федерација“, напиша Османи на Твитер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи