Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Македонија во Москва за персона нон грата како одговор за протерувањето на руски дипломат од Македонија, соопштило руското Министерство за надворешни работи, а пренесува „Риа новости“.
„Вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Чаушевска-Димовска, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што ѝ беше врачена нота со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата“, пишува во соопштението на руското МНР кое го пренесуваат руските медиуми.
Одлуката на руските власти е образложена како одговор на немотивираниот потег на македонските власти да протераат руски дипломат на 14 мај.