Јованоски: На крајот од јуни ќе биде готов проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“


Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски сподели информација за завшрната фаза од градежните активности од проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ и како што најави, до крајот на месецот треба да се заврши целиот проект.

„Осветлени пешачки патеки, видиковци, игралишта за кошарка, одбојка и пинг-понг, можности за организација на културни настани, се дел од содржините во кои ќе можат да уживаат граѓаните на општина Прилеп.

Со финансиска поддршка од Европската Унија, до крајот на овој месец, Прилеп ќе добие нов, современ спортско – рекреативен комплекс, кој ќе биде нова гордост на прилепчани“, напиша Јованоски на Фејсбук.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи