ВИДЕО – Зероска : Пандемијата не спречи да ги следиме сите хронични заболувања, вклучително и NASH


Неалкохолниот масен црн дроб и неалкохолниот стеатохепатит се заболувања кои се раширени во светски рамки на сите континенти, а најмногу западните дрѓави се зафатении со овие заболувања. Бидејќи ние се сметаме дека припаѓаме на тој регион и на тие навики на живеење и исхрана светските трендови се присутни и во нашата држава.

Значи стеатохепатитот како поминуваат годините така се повеќе се зголемува бројката на заболени лица. Ние кај нас и немаме некоја точна статистика, податоци вадиме од државите кои што водат подобра статистика, статистика од САД, од западните држави, нас во Македонија баш и не ни се достапни некои статистички податоци за точно да може да кажеме како се движи кај нас оваа болест, но сметаме дека ги пратиме и ние светските трендови.

Што се однесува до пандемијата на Ковиде 19 би кажала дека оваа пандемија многу неповолно влијаеше на следење и откривање на сите хронични заболувања па и на овие заболувања. Затоа што овде се работи за заболувања кои во првата фаза се асимтоматски, не знаеме дека ја носиме таа  болест, симптоми нема, најчесто се октриваат случајно при систематски преглед, анализи на крвта или ехо на абдомен заради некоја друга потреба.

И се забележуваат промени во хипеталните ензими, замастен црн дроб, кој што понатаму не води кон сомневање дека се работи за вакви заболувања кои би поттикнале следни испитувања и следувања и докажувања на овие болести. Со тоа нас пандемијата на корона не спречи да ги следиме било кои хронични заболувања, целиот здравствен систем беше подаден на лекување и третирање на пациентите со корона така што јас лично како лекар верувам дека многу случаи останаа скриени и недокажани во овој период од година и половина колку што трае пандемијата.

Точно не се знае зошто некои лица акумулираат маснотии и зошто некој масен црн дроб се развива до стеатохепатит. Не се знае, но знаеме дека овие заболувања се секогаш поврзани со дебелина, дијабет, зголемени маснотии во крвта, така што кај таквите заболувања секогаш треба да се посвети повеќе внимание, да го следиме, редовно да ги контролираме да се прават редовни анализи и да се следи дали кај ваквите заболувања се појавила стеатоза или стеатохепатит. Секако дека секоја болест има и некои генетски предиспозиции, истото е случај и кај овие заболувања.

Автор:  Македонка Зероска, матичен лекар, специјалист по семејна медицина

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи