Левиот бек во тимот од Прилеп, Давор Шокоски потпиша нов договор и ќе продолжи да го носи „жолто-црниот“ дрес и во наредните 2 години.
Шокоски беше еден од носителите на играта на РК Прилеп измината сезона и еден од најзаслужните за опстанокот во елитното друштво.
23 годишниот Шокоски е дете на РК Прилеп, каде ги помина сите младински категории, а сега се наметнува како лидер во својот матичен клуб.
Претходно прилепчани ја продолжија соработката и со Чантурија.
135