Крстески: Дали полициски службеник близок до власта зема пари од изнајмување на сала Македонија?

Почитувани сограѓани, колеги спортисти и спортски работници, стоиме пред овој објект, од пред кој, сегашниот градоначалник Илија Јованоски ги читаше милозвучните лаги за спортот и за иднината на сала „Македонија“. И по 4 години, состојбата е иста нема ништо од најавениот базен, фитнес сала или гимнастички центар, истакна на денешната прес конференција Александар Крстески, претседателот на комисијата за спорт при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Салата е руинирана, како граѓани не знаеме кој стопанисува со неа и дали се плаќа кирија. Во чиј џеб се слеваат средствата од рекреативците? Дали можеби има вистина во шпекулациите, дека средствата ги добива полициски службеник близок до власта?

Дали овој објект кој нема технички прием е даден под концесија? На ова прашање треба да одговорат оние кои пре речиси 5 години како загрижени спортисти, а сега функционери на удобни фотелји, стоеа на пресовите од Илија Јованоски. За 4 години не се вложени ни 10 денари во спортска инфраструктура, нема ниту една нова спортска сала,или ново игралиште.

Салата „Партизан” се распаѓа, домот „Дервен” е во очајна состојба. За жал,Прилеп има само прволигаш во ракомет,кој не е доволно поддржан од Општината.Фудбалот, кошарката, одбојката денес се мисловна именка за оваа власт. Не случајно рејтингот на Илија Јованоски во Прилеп денес е 1.1%.

Од денес секојдневно ќе ги посетуваме објектите пред кои во 2017- та ветувавте европски спорт и ќе ви покажуваме каков пустош оставивте како власт. Оваа ваша деструктивност ќе биде казнета во октомври од прилепчани.

Оставаме на обвинителството по допрен глас да ја испита работата во сала „Македонија“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи