Младински тимови на средби со градоначалниците


Младинските тимови на ученици од Штип и Битола вклучени во реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, имаа средби со своите градоначалници. Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На средбата со градоначалникот на Штип Сашко Николов учениците одсредното општинско училиште „Јане Сандански“ од Штип, разговараа за функционирањето на општината, за предизвиците пред нив и имаа прашања и предлози за нови активности на општината. После средбата со градоначалникот младинскиот тим ја разгледа општинската зграда и се запозна со функционирањето на секотрите на истата.

Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, се сретна со младинскиот тим од Средното економско училиште „Јане Сандански“ од Битола. Таа на средбата ги запозна младите учесници за начинот на работа во Општина Битола, како и за постојаната отвореност на локалната самоуправа за младите ентузијасти и нивните идеи. Петровска нагласи дека, секој добар предлог кој е во интерес на подобрување на животот во општината може да биде прифатен.

Овој проект се реализира втора година и во истиот се вклучени 10 средни училишта од 10 различни општини од нашата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи