Сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. УВ=9
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 16 °C до 36 °C.
УХМР со актуелно предупредување:
До четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Согласно очекуваните вредности на температурата, насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури.