Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре треба да пристигнат 10 илјади вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува иста количина од вакцината „Спутник“.
„Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини на „Спутник“, од Русија“, изјави Филипче.
Околу 50-тина илјади вакцини беа дистрибуирани веќе во понеделникот и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација.