Делта варијантата е регистрирана во повеќе европски земји, па Комисијата за заразни болести на следниот состанок ќе разговара за опасноста од делта сојот и заштита на границите со евентуално воведување тестови. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сегашните мерки остануваат на сила, но ќе се менуваат доколку има промени.
„Засега нема дополнителни мерки, но да одговорам директно, дали ќе воведуваме некаква форма на рестрикција ќе разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести в понеделник. Ќе ги слушнеме размислувањата на епидемиолозите. Ние и сега разговараме телефонски, дел од членовите анализираат, истражуваат. Евентуално ако носиме некаква одлука ќе биде во насока на штитење на границите, значи во однос на тестови. Да се процени ризикот и дали е тоа вистинска мерка со којашто навистина можеме да се заштитиме“, рече Филипче.