Пендаровски: ЕУ не е способна сама да предводи, а САД не би сакале да предводи сама


На панел дискусијата на тема „Воспоставување на нова синергија меѓу САД и Западен Балкан“ во рамките на Преспанскиот форум, претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски побара од САД и Европската унија да им помогнат на земјите од Западен Балкан да се воспостави нова синергија и рестартирање на регионот, како и заедничка соработка.

„Европската Унија не способна сама да предводи, САД не би сакале да предводи сама, а регионалните елити не се заинтересирани. Конечниот резултат е дека Западниот Балкан, особено во минатата деценија заостанува во економска смисла зад ЕУ, повеќе од колку во предходната деценија. Вашингтон е тука само да регистира и да сведочи за падот на демократските индикатори, т.е. индикаторите на Фридом Хаус, па во демократска смисла, е поназад и падот е на ниво од пред 10 или 15 години “, нагласи Пендаровски.

Тој додава дека политичката волја за да се постави нова синергија не е воопшто во прашање, но истакна, зборуваме за меѓународните интереси, на инволвираните чинители, политичката волја на Брисел, на земјите членки на ЕУ,
националните интереси на САД, и за националните интереси на земјите од регионот од западнобалканската шесторка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи