Според податоците на Државниот завод за статистика кои ги објави денеска, на високите стручни школи и на факултетите во Македонија во 2020 година додипломски студии завршиле 12,3 % помалку студенти во споредба со 2019 година.
Од вкупниот број дипломирани, 81,9 % се редовни, а 18,1 % се вонредни студенти.
Процентот на дипломирани студентки е 59,5. Од вкупниот број, 37 % дипломирале во рокот, додека 63 отсто дипломирале по %.
Според објавените податоци, лани дипломирале вкупно 6.907 студенти, од кои 5.655 биле редовни, а 1.252 вонредни.
На државните високообразовни установи дипломирале 5.056 студенти, од кои 4.412 редовни и 644 вонредни.
На приватните високообразовни установи дипломирале 1.831 студент, од кои 1.231 редовен и 600 вонредни.
На верските факултети, пак диплломирале 20 студенти, од кои 12 редовни, а 8 вонредни.