Во текот на вчерашниот ден на територијата на цела држава се казнети 648 возачи на возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од нив се издвојуваат 2 прекршоци, односно мотоциклис на радар бил фатен со 242 километри на час, додека автомобил со 207 километри на час.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје 117, а потоа на територија на СВР Охрид 82, на територија на СВР Куманово 80… – се наведува во соопштението од МВР.