МНР со реакција до УЕФА, УЕФА го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“


Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до УЕФА на чиј офиицијален сајт каде се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се „Северномакедонци“.

„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, стои во  соопштението од Министерството за надворешни работи.

После реакциите, УЕФА од официјалниот сајт го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи