Во периодот од 02 до 04.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 163 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 48 возачи управувале возило без возачка дозвола, 10 возила биле со измината регистрација, седум возачи разговарале на мобилен телефон, 20 возачи управувале возило под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.