Апостол Симевски, директорот на Државниот завод за статистика гостувајќи во „Утрински Брифинг“ изјави дека не е планирано одложување на пописот, па затоа и резерви вакцини се чуваат за попишувачите.
„Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки.Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни.
Во септември времето е се уште убаво, па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено. Очекуваме дека и поглем дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани.
Од Министерството за здравство сме информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бидат вакцинирани“, изјави Симевски.