Филипче: Ако ситуацијата остане ваква, не треба да се воведуваат рестрикции поради делта сојот

Facebook
Twitter
Email
Print


Mинистерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во „Утрински брифинг“  кажува дека смета дека не е потребно воведување на никакви рестриктивни мерки, во врска со состанокот на Комисијата за заразни болести која треба да одлучи дали се потребни рестриктивни мерки поради делта сојот кој зема се поголем замав во светот, а се појавува и во соседството.

„Сметам дека ако во летото ситуацијата продолжи да биде ваква, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Тука зборувам и за влез излез на границите и во рамките на тоа што е препорачано во делот на организација на настани, собири итн. Но, будно ја следиме ситуацијата, зашто има земји каде што индискиот сој, како поагресивен во однос на претходните, побрзо се шири и еве тие земји воведоа некоја рестрикција. Сметам дека засега нема потреба, но ако треба ќе интервенираме“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи