Хоџа: Поддршката за тутунот од петтиот пакет е во финална процедура

Во финална процедура е поддршката за тутунот од петтиот пакет антикризни мерки. Треба да помине во владина постапка, наредните недели, по што ќе се достави до Собранието за донесување во брза постапка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

„Не за да се оправдам како министер, туку барам да се има разбирање бидејќи 1 месец го пролонгиравме рокот, се исплатија субвенциите, се чекаат измени на некои законски решенија во Собранието и поради тоа има нови рокови за исплата.

Но, тоа е што е ветено и кажано, ние и повеќе од тоа правиме во делот на поддршката за тутунарите. Тоа што го ветивме на почеток на сеозната, ќе го реализираме – дека со поддршката од петтиот пакет мерки кога ќе се додаде на исплатените субвенции, сепак ќе се постигне некоја просечна цена од над 180 денари за килограм тутун“, рече Хоџа.

Со петтиот пакет економски мерки, за тутунарите се предвидени 307,5 милиони денари. Како што стои во пакетот, целта на финансиската поддршка е спречување на последиците од ограничувањето во превозот и трговијата, како и од падот на потрошувачката на тутунските преработки на светско ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи