До крајот на неделава треба да стигне лекот за пациентите со цистична фиброза

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје соопшти дека денеска треба да се знае кога ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на неделава.

„Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија.Тоа што се обидовме и со меилови да искомуницираме, да се прати лекот по ДХЛ да стигне што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување на пуштање на лекот во промет и покрај тоа што официјално постапката не е завршена. Сега имаме јавна административна пречка, ама ќе ја надминеме, нагласи Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи