МНР: Најсигурниот начин за патување во странство е со патна исправа на која не ѝ е истечен рокот на важење


МВР соопштија дека граѓаните чии патни документи се истечени или ќе истечат по 31 јули 2020 година, ќе можат да ги користат истите до 31 декември 2021 година. МНР испратило известувања до сите држави за продолжениот рок на пасошите чиј рок на важење е истечен, но и покрај тоа дел од државите не прифаќаат овие патни исправи да ги сметаат за валидни.

„За жал, и покрај сите напори што Министерството за надворешни работи постојано ги вложува, сепак има држави што потешко се адаптираат на овие промени и ваквите исправи не ги третираат во целост соодветно со измените на законот. Затоа, ги информираме сите граѓани дека најсигурниот начин за патување во  странство е со патна исправа на која не ѝ е истечен рокот на важење“е наведува во одговорот од МНР.

Од МВР велат дека нема недостаток од термини за поднесување на документи за патни исправи.

„Обрасци има во доволен број и редовно се закажува за аплицирање. Што се однесува до презакажаните граѓани кои веќе имаа закажан термин во периодот од 23, 24 и 25 јуни, и во презакажаните термини си го остварија правото за аплицирање за лични документи односно подигање на готови, токму во тој период беше реализирана завршната фаза на миграција на податоците на новиот, надградениот систем, токму со цел за да може да започне процесот на издавањето на новите документи согласно Уставот и Законот за употреба на јазиците“, велат од МВР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи