123 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Facebook
Twitter
Email
Print


Во текот на вчерашниот ден (05.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 123 возачи. Од нив, 31 возеле без возачка дозвола, 70 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.,

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи