75 години од постоењето на бикини костимот за капење


Дводелниот костим за капење се прв пат се појавил во 1946 година, креација на францускот инженер Луј Реар.

Луј го вовел зборот бикини преземен од атолот Бикини во Тихиот Океан, каде што се спроведувале нуклеарни тестови, а истата година се случиле и нуклеарни експлозии што го шокирале светот.

Уште од појавувањето бикинито се доживува како скандалозно и мошне секси.

Една од првите познати личности кои одлучиле да го носат бикинито е Мерлин Монро. Првиот модел имал четири мали триаголници поврзани со тенки врвки – не постоело друго модно парче со помалку материјал.

На 5 јули во 1946 година, стриптизетата Мишелин Бернардини ќе го презентира првиот бикини костим за капење, реклама снимена на базен. Зошто токму таа? Затоа што воопшто не му било лесно на Роар да најде девојка која ќе ги презентира. Светот бил шокиран од голотијата, а секако дека Ватикан ги прогласил за грешни и строго го забранил нивното носење.

Пет години подоцна во Лондон се одржува првиот избор за Мис на светот, а 27-те девојки носат бикини костими за капење.

Оттогаш почнува да се зголемува неговата популарност.

Во 1956 година актерката Брижит Бардо во филмот „И Бог ја создал жената“ носи токму бикини. После Брижит Бардо, во филмот „Доктор Но“ во 1962 е добро познатата сцена кога Урсула Андрес се појавува во Бикини со ремен.

„Бикини“ значи „земја на кокосови ореви“, a минатата година по повод 5 јули, светскиот ден на бикини костимот за капење, се отвори музеј во Макленбург, Предна Померанија.

Во овој „Bikini Art Museum” се изложени преку 1200 изложбени предмети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи