Филипче: Да, ќе ги вакцинирам моите деца

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против корона вирус се безбедни за децата.

Министерот вчера најави дека од понеделник ќе може да се вакцинираат децата над 12 години со вакцината на „Фајзер“.

„Да, се разбира дека ќе ги вакцинирам децата. И мислам дека треба тоа да се направи, тоа е единствен начин за да стигнеме до колективен имунитет. Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на „Фајзер“. Така да, јас директно да ви одговорам, јас тоа ќе го направам, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи