Зошто не треба да ги користите старите креми и спрејови за сончање?


Во текот на летните месеци, потребно е да се користи некаква заштита од штетно УВ сончево зрачење. Прекумерното изложување на овие штетни зраци ја оштетува вашата кожа и доведува до брчки, дамки, а исто така може да предизвика рак на кожата.

Најдобро е да проверете дали сте зеле производ со висок заштитен фактор (SPF 30 или 50), без разлика дали се работи за спреј за сончање или за лосион/крем.

Спрејот за сончање е многу полесен за нанесување на телото, трае помалку време и создава помалку неред, но се верува дека лосионите/кремите даваат поголема заштита отколку спреј.

За каков и да било производ да се одлучите, не доведувајте се во ризик да имате изгореници од сонцето користејќи стари производи кои ја губат способноста да го блокираат УВ зрачењето по само 12 месеци.

Козметичките препарати во течна состојба се особено опасни ако им истекол рокот бидејќи во нив полесно се создаваат бактерии и габи, па при нивно користење можни се различни видови на иритација и осип на кожата.

Стариот крем за заштита од сонце може да предизвика тн. труење преку апсорпција. Како резултат на ова може да се јават отечени жлезди во одредени региони.

За да го продолжите векот на вашите креми, експертите советуваат да ги чувате на ладни и темни места каде нема да имаат контакт со сончева светлина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи