Филипче: Нема потреба од нови мерки, ситуацијата е прилично мирна


Mинистерот за здравство Венко Филипче не гледа причина за заострување на мерките откако Делта сојот почна да се појавува и во Македонија.

Филипче уверува дека состојбата со корона вирусот во земјава е стабилна и повторно потсетува дека фокусот треба да се стави на вакцините.

„Сега нема потреба од нови мерки, затоа што ситуацијата е прилично мирна. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога немаше вакцини. Сега кога го има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација. Гледаме на пример, Велика Британија и покрај тоа што има голем број на случаи ги попушта мерките, бидејќи тамошните власти кажуваат дека не може да се живее и понатаму затворен. Може ќе има и следни мутации, но не значи дека треба да живееме затворени очекувајќи нови мутации, туку значи дека треба масовно да се вакцинираме за било кој следен бран да го дочекаме спремни“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи