Во текот на вчерашниот ден (12.07.2021) спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 77 возачи.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.