Заев потврди: Законот за државјанство со европско знаменце помина на Влада


Законот за државјанство денеска помина на Влада и ќе биде со европско знаменце. Службите ќе го испратат до Парламентот, но го блокира Левица без разумно оправдување, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Плусинфо веќе објави дека Владата ќе му стави европско знаменце на Законот за државјанство за да во експресна постапка биде донесен во Собранието.

„Законот е согласно декларациите за државјанство усвоени во ЕУ. Последните промени беа со коресподентни табели – комплетно вградување на европските регулативи во нашето законодавство. Се прават пошироки  критериумите за решавање на проблемот со државјанството. Генерално сме усогласени, власта и опозицијата.

Законот е блокиран од мала политичка партија Левица која без разумно оправдување не дава одговор зошто тоа го прави, освен, според мене, да продуцира меѓуетнички проблеми и нетрпеливост што треба да го чуваме и негуваме, а не да го поттикнуваме и разгоруваме“, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со министерката Јагода Шахпаска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи