На 12/13.07.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
Од извршената контрола било констатирано дека 17 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им се прекршочни платни налози.
При контролата откриени се и санкционирани и 24 останати прекршоци.