Општина Прилеп предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува со интензивни градежни активности за реконструкција на патната инфраструктура во општината, рече на денешната прес конференција Ивона Кузмановиќ – Член на Совет на општина Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Изградбата на новата улица „Кеј 1.Мај“ во должина од 650 метра, е доказ за нашата посветеност за изградба на модерна и современа патна мрежа во сите делови на градот.
Дека водиме подеднаква грижа за уредување на улиците насекаде во градот, потврдуваат и градежните работи на улицата „Целе Мавровски“, а деновиве започнува изградбата и на „Цане Илиески“ и „Трајко Николоски“.
Покрај изградбата на овие улици, во сите урбани и месни заедници од општина Прилеп, ќе се реконструира и рехабилитира голем дел од постојната патна мрежа, а ќе продолжи и уредувањето на тротоарите со бекатон плочки.
Почитувани сограѓани,
Во изминатите триипол години покажавме дека си стоиме на дадениот збор и дека ги реализираме ветените инфраструктурни приоритети.
Покажавме дека СДСМ е најдобриот избор на граѓаните, затоа што има најдобри проекти, најдобра понуда и концепт и визија за долгоречен развој на општината.
Продолжуваме заедно со граѓаните за најдоброто за општина Прилеп“, изјави Кузмановиќ.