Играта „Супер Марио“ за конзолата „Нинтендо 64“ е продадена на аукција за 1.56 милиони долари, што е нов рекорд за видео-игра, објави американската аукциска куќа „Херитиџ Окшнс“, пренесува „Данас“.
„Тоа е првата игра некогаш продадена на аукција за повеќе од еден милион долари“, изјави за агенцијата „АФП“, Ерик Бредли, портпарол на аукциската куќа со седиште во Далас.
Играта „Супер Марио 64“ е од 1996 година на која за прв пат се користи 3Д.
Интересот на колекционерите за класичните игри постојано расте во последните неколку години.