Министерот за здравство, Венко Филипче, задоволен од првиот ден од теренската вакцинација сподели дека до крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет.
„Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација.
Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет. #ВакцинирајСе“, напиша Филипче.