Откако лидерот на „Има таков народ“ – Слави Трифонов изјави дека ќе направел се да испрати Бугарин и Бугарка како астронаути во НАСА, а со нив, како што рече, и еден „северномакедонски“ астронаут, веднаш пристигна одговор од наша страна.
На „поканата“ се јави македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој вели дека е подготвен за заминување во вселената.
Како што може да се види од неговата Инстаграм објава, Џамбазов веќе го облекол вселенскиот скафандер, а со нетрпение го чека утрешниот ден, во 17 часот, за кога им закажа средба на колегите астронаути пред „вселенската станица Ќустендил“, за да почнат со тренинзи…