УНЕСКО му го одзеде на Ливерпул статусот на светско културно наследство


Ливерпул го доби статусот на светско наследство во 2004 година поради историјата на голем центар за трговија за време на Британската империја и поради архитектурата.

УНЕСКО му го одзеде на Ливерпул статусот на светско културно наследство бидејќи многуте години градење предизвикале непоправлива штета на историската вредност на неговото викторијанско пристаниште.

На денешниот состанок во Кина, УНЕСКО соопшти дека „неверојатната универзална вредност на крајбрежјето на Ливерпул е уништена од нови згради“, вклучувајќи го новиот стадион на Евертон, вреден 500 милиони фунти.

Оваа одлука е понижувачки удар за градот кој стана трето место кое го изгубило престижниот статус на УНЕСКО во изминатите 50 години.

Другите две места се природното подрачје Орикс во Оман од 2007 поради нарушените принципи на заштита на животната средина на бројни живи видови, и долината на Елба во Германија во 2009 година откако бил изграден мост – автопат со четири ленти над самата река.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи