Пратеникот и претседател на Левица Димитар Апасиев на денешната собраниска седница реагираше дека спикерот Џафери со кршење на Уставот и Деловникот за работа на собранието одбил да ги прими амандманите на Левица. Тој се обрати по повод носењето Закон за државјанство со „европско знаменце“.
„Во 14:00 часот е закажана Комисија за политички систем, имаме поднесено околу 1800 амандмани. Ги поднесовме грижливо, точно според Деловникот, известени сме дека не се проследени. Се обидете ли да направите ШВЕРЦЕРАТ, пратете таму обезбедување, бидејќи Комисија нема да има. Не може само за великоалбанскиот шовинизам да има право на амандмани во ова Собрание! Сакате војна? – Ќе добиете војна” , кажа Апасиев.
Предмалку, Апасиев преку својот Фејсбук профил соопшти дека Комисијата е одложена за 15:30 часот и предупредува дека во таа сала бр. 6 нема услови за присуство на новинари.
„Комисијата за политички систем е одложена за 15:30 часот. Преместена е во сала 6, каде нема услови за присуство на новинари! На влезот е пратено собраниското ОБЕЗБЕДУВАЊЕ со детектори за оружје.
Шверцератот може да почне“, напиша Апасиев.