Центарот за современа ликовна уметност го претстави новиот мурал на македонскиот писател Стале Попов, кој го краси центарот на Прилеп.
Муралот е нацртан на ѕидот на зградата кај одделението за имотно- правни работи – Прилеп, спроти општинската зграда. Тој е во рамки на проектот „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов“, преку кој ќе бидат изработени два ѕидни мурали на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов.
Идејното решение и изведбата на муралот е изработен од академските ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.