Амбасадата на Русија денеска на официјалниот фејсбук профил упати честитка по повод националниот празник 2 Август – Илинден.
„Почитувани, срдечно Ви го честитаме празникот со големо историско значење за македонскиот народ – Илинден!
Денеска заедно со вас со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден!
За многу години“, стои во соопштението од Амбасадата.
Делегацијата од амбасадата зеде учество во одбележувањето на големиот празник Илинден, во Скопје пред спомениците на Методија Андонов-Ченто, на АСНОМ и на Никола Карев.