Честит 2. Август – Ден на Републиката и Илинден


Граѓаните на Република Македонија денеска го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката.

Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар. Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:

Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманското Царство, и во текот на кое била прогласена република, и

Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Македонците традиционално го прославувале овој ден бидејќи е голем верски празник кој влече корени уште од паганските словенски времиња, кога врховниот словенски бог Перун бил заменет со христијанската верзија Св. Илија.

Прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево кадешто главнината од востаничките водачи ја прогласиле Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, кадешто имало една херојска борба со отоманските војски во која загинал Питу Гули во август 1903 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи